Во Лазарополе утринава најстудено

Најстудено во земјата ноќеска било во Лазарополе каде се измерени – 3 степени, во Крушево и Маврови Анови се измерени – 1, во Дебар 1, во Берово, Куманово, Охрид и Претор 2, во Крива Паланка, Прилеп, Скопје – Зајчев Рид 3, во Тетово, Битола и Штип 4 степени, во Скопје – Петровец и Струмица 5, во Дојран и Демир Капија се измерени 7 степени и во Гевгелија 8 степени.

Во текот на ноќта и утрото се задржа ветровито со зголемена облачност во источните делови од земјата, а утринава најсилен е ветерот во штипско кој повремено дува со удари од 40 километри на час. Засилен ветер има на Ѓуриште – светиниколско и во делови од скопско, особено на повисоко.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во позападните делови. Утрово е ветровито и студено со умерен до повремено засилен северен ветер најизразен во Повардарието. Во крајните источни делови ќе има услови за појава на краткотарен дожд, на планините во овие делови на слаб снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.