Симеоне: Не ја имам изгубено мотивацијата за работа со Атлетико

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, по победата над Севиља во одложениот натпревар од 1. коло на Шпанското првенство (2:0), изјави дека е полн со мотивација да работи со тимот.

– Фокусирани сме на напредокот на тимот и работиме на тоа секој ден. Тренирам со ист ентузијазам како и првиот ден кога влегов во авион и реков дека сакам да го направам Атлетико најдобриот тим во Европа, изјави Симеоне за „Ас“.

Пред два дена тој од страна ИФФХС беше прогласен за најдобар тренер во изминатата декада.