Стоилковски: Дали станува збор за договорена бројка и проценти помеѓу коалиционите партнери за пописот ќе се увиди, но големи се индициите дека не е само статистичка операција

Во врска со законот за попис кој власта го форсираше отфрлајќи ги сите амандамни на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва портпалот на партијата Наум Стоилковски во 24 Телевизија вели дека можно е да станува збор за договорена бројка и проценти помеѓу коалиционите партнери, што ќе се увиди дали истото е така, но големи се индициите дека не е само статистичка операција.

-Има многу дупки во самото законско решение кое реззултура во член кој вели врзан потпис на директорот и заменик директорот на Заводот за статистика, зошто, затоа што едниот е од СДСМ, едниот е од ДУИ, дали можеби станува збор за договорена бројка, проценти измеѓу двата партнери во власта во случај едниот да рече јас не потпишувам, премногу фалинки има и индиции дека не станува збор за статистичка операција која треба да даде статистички податоци, објасни Стоилковски.

Тој вели дека со отфрлање на амандманите власта на сила го турка пописот и дополнително раѓа сомнежи во јавноста дека станува збор за политички проект.