Тренер одбил да дава изјави за „Скај Спортс“, причината е урнебесна (ВИДЕО)

Тренерот на англискиот нисколигаш Стокпорт каунти, Џим Ганон пронајде интересен начин да им се одмазди на луѓето од „Скај Спортс“, зашто тие не му го поправиле приемникот за ТВ.

Овој 52-годишен тренер во 2008 година одбил да дава изјави за медиумот, зашто никој не сакал да му го поправи „Скајбоксот“, кој го користел во неговиот дом.

Оваа приказна ја откри неговиот поранешен фудбалер во Стокпорт, Лиам Дикинсон.

-Одби да дава изјава за медиумот зашто приемникот му беше расипан и никој не дојде да го поправи. Ви се колнам во животот и Бог дека е вистина. Не сакаше да даде интервју затоа што не му го поправија применикот. Веројатно тогаш тоа го чинеше клубот неколку илјади фунти. Дури во полуфиналето на плејофот реши да им даде интервју затоа што пишуваше во договорот дека мора. Мислам дека подоцна му дадоа нов приемник за ТВ, раскажива Дикинсон, пренесе Спорт1.