Дембеле се одлучи за бројот под кој ќе игра за Атлетико

Напаѓачот Муса Дембеле се одлучи за бројот на дресот со кој ќе игра за Атлетико. Дваесет и четиригодишниот Французин го избра бројот „19“.

Претходно стана познато дека играчот се пресели во мадридскиот клуб на позајмица од Лион до крајот на сезоната 2020/21. Атлетико има право да го купи играчот.

Во сезоната 2020/21, Дембеле одигра 16 натпревари за Лион, постигнувајќи еден гол. Напаѓачот играше за францускиот тим со број „9“. (МИА)