Итен состанок во СЗО: Организацијата загрижена за новите соеви на коронавирусот

Одборот за итни прашања на Светската здравствена организација се состанува денеска, две недели пред редовниот, за да би разгледа прашањата во врска со новите соеви на коронавирусот.

Обично одборот се состанува на секое три месеци, но овој пат генералниот директор ги повикал членовите две недели порано.

-Се работи за новите соеви на вирусот, употреба на потврда за вакцинација и тестови за меѓународни патници, се наведува со соопштението од СЗО објавено синоќа.

Британските и јужноафриканските соеви на коронавирус, кои се особено заразни, се прошириле на повеќе десетици земји кои се зафатени од нов бран на вирусот. Во борбата за спречување на ширење на заразата не успеваат ниту полициските часови.

Според СЗО новиот сој на коронавирус првпат забележан во Велика Британија засега е потврден во 50 земји, додека сојот до Јужна Африка во 20 земји, но СЗО смета дека оваа проценка е веројатно помала од реалноста.

Новите соеви на Ковид-19 може да се идентификуваат само со секвенца на нивниот генетски код, што претставува анализа која не е насекаде можна.

Третата мутација, со потекло од Амазон која во неделата е потврдена во Јапонија, во моментов се анализира и би можела да влијае на имуниот одговор, наведува СЗО во неделниот извештај нарекувајќи го „загрижувачки сој“.