Покетино за првиот трофеј со ПСЖ: Ова е само почеток

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино ја коментираше синоќешната победа (2:1) на мечот за Суперкупот на Франција против Марсеј. Трофејот освоен во Ленс беше прв за Аргентинецот како предводник на на парискиот клуб.

– Извојувавме многу важна победа. Трофејот е чест за клубот и навивачите. Тимот полека почнува да го прави она што го барам од него. Јас тренирам со ПСЖ скоро две недели, работиме многу. Ова е само почетокот. Ние веруваме дека со текот на времето ќе можеме да ги зајакнеме нашите идеи и напредок. Сакам да се заблагодарам на управата на клубот, фудбалерите и мојот претходник, Томас Тухел, заедно со неговиот тренерски штаб. Благодарение на овие луѓе, имавме шанса да го освоиме Суперкупот, изјави Покетино за „Канал +“.

Суперкупот на Франција беше првиот официјален трофеј во кариерата на Покетино.

Пред ова, аргентинскиот специјалист победи на пријателскиот Куп Ауди во 2019 година додека беше тренер на Тотенхем.