НАЈНОВИ ВЕСТИ: Од вечерва доаѓа силен ветер од 90 км/ч и снежни врнежи

Од вечерва, ќе започнат нови врнежи од дожд и тоа од запад, додека на планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег каде снежната покривка повторно значително ќе се зголеми.

Утре под влијание на многу постуден воздух кој се спушта од Арктикот, и тоа особено во попладневните и вечерните часови ќе услови ГОЛЕМО ЗАЛАДУВАЊЕ на времето и врнежите од дожд ќе преминат во снег во најголем дел од Македонија. На повеќе места ќе се формира снежна покривка, особено утре доцна попладне и навечер. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 9 степени, меѓутоа од попладневните часови истите ќе бележат тенденција на големо опаѓање.

Локални послаби врнежи од снег ќе има и во среда, додека во четврток времето ќе биде претежно стабилно, суво и студено.

Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени, додека на повисоките и планинските места ќе биде постудено. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 8 степени во најтоплите предели од државава.

За време на овој продор на студен бран ќе дува засилен, повремено СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец и понекаде истиот ќе достигнува брзина од над 90 км/час, додека пак на повисоките места снежната поркивка ќе се зголеми за над 20 сантиметри, на планините и за повеќе. На пониските места понекаде ќе се формира снежна покривка од над 10 сантиметри.

Утре, особено попладне  и навечер снег се очекува и во Скопје и околината.