Пратениците од ВМРО-ДПНЕ: Димитров требаше сам да поднесе оставка по недобивањето на датум за преговори, а не да чека интерпелација

На денешната собраниска седница на која се дискутира за поднесената интерпелација за вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Петрушевска истакна дека во Европа не постои влада каде не се поднесува оставки после толку скандали, а особено после неуспеси, како што е неуспехот на Димитров со недобиваањето на датумот.

– Не постои влада во Европа која има толку многу скандали и не поднесува оставка, туку чека интерпелација. Поисправен чекор ќе беше министерот сам да ја поднесе оставката по неуспехот за добивање на датум за преговори, заради тоа што е европски манир, рече Петрушевска.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска потенцираше дека Димитров во 2018 заедно со Заев се сликаа од авион велејќи дека е добиен датумот со ЕУ, а еве 2021 година, датум нема, но затоа има молк од страна на Димитров за навредите од Бугарија.

– Никој од власта не се осудува да каже нешто за навредите и понижувањата кои изминативе месеци ги доживуваме од страна на функционерите од Бугарија и зошто токму Никола Димитров ги премолчува сите тие навреди, рече Лашкоска.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски изјави дека Димитров со својата неработа после 4 години ја стави Македонија уште подалеку на патот до Европската Унија.

Димитров со своето неработење не придонесе за интеграција на Македонија и тоа е факт. Имаме нула напредок. Неговата одговорност е што не ја користи својата можност да го крене својот глас против корупцијата во државата, добивме најнегативен извештај од Транспаренси и дали сметате дека тоа не е пречка и нешто за да се алармира, рече Велјановски.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска нагласи дека Димитров наместо да ги брани позициите на Македонија после пресудата во Хаг, тој го промени името на државата.

– Пресудата во Хаг беше многу јасна и децидна дека Република Македонија ги нема прекршено одредбите од спогодбата, Димитров беше дел од тој процес, а потоа потпиша капитулантски договор каков што беше договорот од Преспа. Никола Димитров ги брани позициите наметнати од Зоран Заев, а претходно велеше дека уставното име е столб на државноста и ако Република Македонија го промени под меѓународен притисок ќе се премине линијата на македонското достоинство. Ова се зборови на Димитров, рече Ласовска.

Пратеникот Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската дебата за интерпелацијата на Никола Димитров, актуелен вицепремиер за европски интеграции рече дека покренувањето на прашањето за одговорност на член на влада е многу важно, исто како што е многу важно дали се исполнуваат дадените ветувања кон граѓаните.

Причини за интерпелација има повеќе, додаде Муцунски, и укажа на неколку од нив.

Прво, според него е што старо – новата влада за време на кампања пред парламентарните избори даде ветување дека Македонија формално ќе ги започне преговорите со ЕУ до крај на годината или до крај на 2020 година, што не се случи.

Второ, рече тој, и објасни дека давањето на лажни ветувања во политиката ја отвора дилемата за враќање на мандат.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ