До недела со натпросечни температури, од понеделник дожд

Стабилно, топло време со натпросечни дневни температури  ќе се задржи до недела, по што ќе следи период на променливо облачно со локални врнежи од дожд.

Според најавата од УХМР, по котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре и задутре дневната температура ќе достигне до 20 степени, во недела 19, а и во текот на наредната недела ќе биде топло со температура до 17 степени.Утринските ќе се движат меѓу нула и 10 степени.

Од УХМР наведуваат дека топлото време ќе предизвика топење на снежната покривка на планините.

Од понеделник под влијание на влажен бран ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на места поројни проследени со засилен јужен ветер. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во среда.