РК Вардар рутинирано до четвртфиналето од Купот на Македонија

Ракометарите на македонскиот машки ракометен шампион Вардар први се пласираа во четвртфиналето од Купот на Македонија откако славеа со убедливи 47-11 против штипскиот прволигаш Текстилец.

Предводник на Вардар на овој меч во одсуство на најдобрите со 14 погодоци беше Јагуриновски, 13 додаде Димитриоски, Карапалевски постигна десет гола, додека кај гостите прв стрелец со седум погодоци беше Петров.

foto:gol.mk