Мијалков од пред Обвинителство: Не избегав, бев во изолација (ВИДЕО)

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.

-Разбрав утрово и навистина ми е жал и дојдов во обвинителството. Вчера бев болен и кога дознава сабајлево, дојдов сега во обвинителството. Имав симптоми на корона и затоа сакав да се изолирам. Одам да го видам решението. Оној што ме познава знае дека кога ќе дадам збор нема да го погазам, рече Мијалков за Телевизија 24.

Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во излозација поради здравствени причини. Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.

-Би сакал да се извинам на целата македонската јавност заради непријатноста што се случи во државата. Се извинувам на владата, премиерот, министрите, институциите, рече Мијалков за ТВ 24.