Првото национално кикбокс-првенство за 2021 помина во одлична организација

Кикбокс Маитаи федерација на Македонија (КМФМ) изминатиов викенд во А1 арената во Скопје го организираше Првото национално кикбокс првенство за 2021 година за сите возрасни категории.

КМФМ уште еднаш на извонреден начин организираше спортски настан, и во време на пандемија.

На првенството учествуваа 184 натпреварувачи од вкупно 24 кикбокс клубови од целата држава, при што за најуспешен кикбокс клуб е прогласен КБК Шампион од Скопје пред КБК Гладијатор од Скопје и КБК Будо од Кавадарци.

Реализацијата на овој масовен натпревар беше потпомогната од страна на Агенцијата за млади и спорт на РМ, од Карате федерацијата на Македонија, како и неколку домашни компании од приватниот сектор