20 лозинки кои ги користите, а мора веднаш да ги промените

Досега веројатно веќе сте запознаени со вообичаените совети околу лозинките кои ги користите на интернет. Се препорачува избегнување низа броеви, сопственото име, како и користење исти лозинки на повеќе профили, но многумина и понатаму ги игнорираат тие едноставни совети, па се чудат кога некој ќе им го блокира профилот, пренесува „Huffington Post“.

Според извештајот на „Варизона“ од 2017-та година, околу 81 отсто од пробиените шифри биле поврзани со слаба безбедност на лозинката, а со зголемувањето на работата на далечина, како и учењето онлајн за време на пандемијата – тоа е лоша навика која треба да ја искорените.

„ID Agent“, компанија за ‘dark web’ надгледување, во сопственот на ИТ софтверската компанија „Kaseya“, вели дека ги идентификувале најчесто крадените лозинки пронајдени на ‘dark web’ во 2020-та година врз основа на скенирање на речиси 3 милиони лозинки.

59 отсто од Американците во лозинките користат име или роденден, додека 33 отсто вклучуваат имиња на домашниот миленик, а 22 отсто го користат сопственото име, истакнува компанијата. Просечен корисник исто така повторно ја користи својата лозинка 14 пати.

Еве ги 20-те најчести, кои по секоја цена треба да ги избегнувате:

123456

password

12345678

12341234

1asdasdasdasd

Qwerty123

Password1

123456789

Qwerty1

:12345678secret

Abc123

111111

stratfor

lemonfish

sunshine

123123123

1234567890

Password123

123123

1234567

Некои од советите вклучуваат:

– избегнувајте користење имиња

– измешајте ги броевите за да не бидат во низа

– направете единствена лозинка за секој случај

– користете алатка за управување со лозинки (бидејќи никој не може да запамети сè).