Исклучително опасен став на САД: „Бин Салман е нарачател на убиството на Кашоги, а не се казнува“

Истражителката за човековите права на ОН, Агнес Каламар, денеска изјави дека е „крајно опасно за САД де факто владетелот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, да го посочат за лицето кое ја наредило операцијата на фаќање или убиство на саудискиот новинар Џамал Кашоги, а притоа да не презеле никакви мерки против него“.

Каламар, специјален известувач за егзекуции по кратка постапка, која ја водеше истрагата на ОН за убиството на Кашоги во 2018 година, на прес-конференција во Жeнева денеска кажа дека „е исклучително проблематично, ако не и опасно, да се утврди нечија вина и потоа да му се каже дека не се презема ништо против него, ве молиме продолжете како да не сме ви кажале ништо“, пренесуваат британските медиуми.

-Тоа за мене е крајно опасен потег на САД, рече таа, повторувајќи го својот апел од петокот за воведување санкции насочени кон имотот на Мохамед бин Салман. (МИА)