Со закана му одзеле пари и мобилен телефон на таксист во Скопје

Во СВР Скопје, вчера во 20.45 часот И.С.(31) од Куманово, вработен како такси возач во компанија од Скопје, пријавил дека, додека превезувал две лица со патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, тие со закана му одзеле пари и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.