Со објавување на одлука од дисциплинска постапка, Шекеринска го прекршила законот, за тоа треба да одговара 

Нетрпението на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, но и на власта кон политичките неистомисленици продолжува и понатаму.

Овој пат на мета е полковникот и член на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, па поради Фејсбук статус доби дисциплинска постапка, а како што беше презентирано од страна на министерството за одбрана преку соопштение за МИА има и одлука по однос на дисциплинската постапка односно Ковачки добил дисциплинска мерка шест месеци пониска плата за 30 проценти.

Има неколку моменти кои што се симптоматични, а кои укажуваат дека власта ги злоупотребува институциите за свои лични пресметки. Па така прва работа која што е нејасна е како може лице вработено во македонската армија преку медиуми да дознае за тоа каква одлука е донесена од страна на Министерството за одбрана.

По ваквите сознанија реагираше и самиот Ковачки, кој на фејсбук статус напиша дека преку медиуми дознал за казната од шест месеци на плата, но не примил никакво решение што според него претставува непрофесионализам, аматеризам и самоволие, порачувајќи и на Шекеринска дека ќе ја тужи за злоупотреба на службената положба.

„Ау каков непрофесионализам.

Да дознаам од медиуми дека Шекеринска ме казнила 6 месеци на плата а не сум примил никакво решение.

Еве ја вистината:

Значи, ми наместија дисциплинска постапка за која комисијата составена од генерали веќе се произнесе дека нема елементи за казна (!!!), но Шекеринска дополнително си формира своја комисија во која дури има и лица кои се помали по чин од мене и внимавајте: без НИЕДЕН доказ донела Решение за да ме казни на плата.

Чист аматеризам и своеволие.

Сега ќе си добиете по една тужба и тоа што сте го објавиле ќе мора да го докажете, ама не пред партиска комисија, туку пред Суд. А ќе ја повикам и јавноста да го следи процесот.

Срамота, Шекеринска на што се симнавте.

Политички гледано, ова е дискриминирачки и очајнички обид на Шекеринска преку злоупотреба на службената позиција и на целосно незаконски начин да го спречи Уставно загарантираното право за јавно изразување и критика на јавните функционери, вклучително и на нејзините поразителни и популистички политики во одбраната.

Во моментов, ова е една од темите што е сосема неважна и служи исклучиво за дефокус од неспособоста и алчноста за пари што косат човечки животи.

Јас ова ќе ви го порачам:

Вашите казни и закани само ме мотивираат и докажуваат дека сум на прав пат. Не може да ме казните за тоа што сум Ви укажал дека сте прекршиле закони.

Можете да казнувате и да се заканувате, но за злоупотреба на службена положба се одговара и кривично.

Се гледаме на Суд, одберете си добар тим правници“, порача Ковачки.

Втората работа, која е доста симптоматична, а која само дополнително го потврдува фактот дека Шекеринска ги злоупотребува институциите, е тоа што веќе еднаш била отворена дисциплинска постапка и комисија составена од генерали одлучила дека нема елементи за казна, па најверојатно незадоволно од одлуката Шекеринска си формирала своја комисија на која по сето ова и било изречно укажано дека одлука за казна мора да има.

Трета работа и можеби најнејасно е како одредено лице преку медиуми може да се информира дека за истото е донесена одлука по однос на дисциплинска постапка.

Како и се друго во државата, така и ова наликува на уште една пресметка на високите владини функционери кои очигледно не можат со аргументи и факти да се спротивстават на обвинувањата па криејќи се позади функцијата полесно им е да се пресметаат со своите политички неистомисленици.

И лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реагираше на ваквата одлука, нагласувајќи дека Ковачки е најдоброто во македонската армија, додека пак Шекеринска најлошото од македонската политика.

„Радмила Шекеринска го казнила полковник Драган Ковачки затоа што напишал “долга е раката на ВМРО”.

Кој е Ковачки?

-Бранител од 2001 година, дел од специјалната армиска единица “Волци”.

-Офицер од првата генерација на македонски офицepи со завpшена Вoeна академија, офицер за специјални операции и за разузнавање во првата мисија под раководство на САД- Слобода за Ирак.

-Командант на Првата механизирана пешадиска бригада.

-Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.

-Завршил на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија во Хрватска и Воена Академија во Македонија. Во Велика Британија завршил школа за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање.

А која е Радмила Шекеринска?

-кадар активен уште од времето на транзициската олигархија од деведесетите години.

-учесник во власта уште од времето на ТАТ, транзицијата, криминалната транзиција, вице премиерка во владата на Бучковски, истото и во најкриминалната влада во Европа на Зоран Заев.

– позната по “бонбона бизнисите” и матната продажба на ЕСМ,

– позната по аферата “кирии”, домаќин на обвинителката Катица Јанева осудена за рекет.

Ковачки е дел од најдоброто од македонската армија, Шекеринска е дел од најлошото од македонската политика.

Ковачки, главата горе, овој пат одиме до крај. Или тие, или Македонија.

П.С. И Ковачки ви ја кажал вистината. Долга е раката на ВМРО исто како и вистината! И овој пат одговорност за криминалците ќе има, нема друга алтернатива“, пишува Мицкоски.

Додека Шекеринска носи одлуки за новодни прекршувања на законите, истата таа ги прекршува со објавување на одлуки кои согласно законот, лицето кое директно е инволвирано во процесот мора да добие решение. Но, дали Шекеринска ќе одговора за ваквото кршење на законите, останува да видиме.