Хрватите неможат да се помират со елиминацијата од квалификацискиот турнир

Хрватските ракометари на чело со селекторот Хрвоје Хорват се уште се во шок по неверојатната завршница на клучниот меч меѓу Португалија и Франција во Монпелје, на кој „триколорите“ имаа водство од еден гол во последната минута, но Португалците направија пресврт и стигнаа до победа со која си обезбедија учество на ОИ за прв пат во нивната историја.

На Хрватите им беше доволно и реми на овој меч за да ја завршат групата пред Португалија, па „коцкестите“ сега отворено се сомневаат на нечисти игри од страна на француските ракометари, кои без оглед на исходот на овој меч веќе беа имаа во џебот виза за Токио.