Со „ауди“ удрил во 15-годишник на „Партизанска“ и избегал- пешакот на Клиника со тешки повреди

Вчера во 20,00 часот било пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое по незгодата напуштило лице место, удрило во 15 годишен пешак од Скопје.

По незгодата пешакот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.