Жител на Росоман пријавил дека бил физички нападнат од сожител

Во Полициската станица Кавадарци, С.Г. (55) од Росоман вчера пријавил дека во 20.30 часот во Росоман, бил физички нападнат од Г.Д.(46).

За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.