Казнети 49 пешаци во 4 македонски градови

На 02.04.2021 во периодот од 10 до 15 часот на подрачјето на СВР Охрид била спроведена акциска контрола за прекршоците што ги прават пешаците во сообраќајот.

Притоа, биле регистрирани 49 прекршоци (Охрид-09, Струга-10, Кичево-09, Дебар-21). За сите прекршоци преземени се соодветни мерки.