Фудбалери тврдеа дека ги навредувал, но судијата нема да биде казнет

Европската фудбалска федерација не поведе дисциплинска постапка против судијата Бјорн Кујперс, кој ја делеше правдата на полуфиналниот натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Пари Сен-Жермен (2:0) одигран вчеравечер.

Парискиот играч за врска Марко Верати рече дека судијата упатил псовки кон него, додека Андер Ерера, по натпреварот потврди за навредите кои кон нив ги упатил Кујперс.

УЕФА не го казни судијата и не планира дополнително да го испита инцидентот, пренесува „Л’Екип“.

Холандскиот судија нема да биде дел од дисциплинска постапка и покрај тоа што тоа го побара и тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино. (МИА)