Тешка ждребка за Новак Ѓоковиќ на Мастерсот во Рим

Првиот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ по паузата и и претстојот во Србија на терените би требало да им се врати на Мастерсот во Рим.

Српскиот тенисер и неговиот најлут ривал Рафаел Надал , ќе го скокнат првото коло, а со оглед на ждрепката, Ѓоковиќ ќе има потежок пат до големото финале.

Негов прв ривал во Рим ќе биде победникот во мечот Даниел Еванс (Велика Британија), потоа следи Тејлор Фриц (САД), а додека во третото коло, може да игра против Григор Димитров

Стефанос Циципас ќе го чека во четвртфинале. Во евентуалното полуфинале, негов противник би можел да биде или Андреј Рубљев или Доминик Тим.