Истражување: Две дози од две различни вакцини предизвикуваат само благи нус појави

Повеќето луѓе кои примиле две дози вакцина против коронавирус од различни производители, имале лесни до умерени несакани ефекти, покажува најновото истражување на Универзитетот Оксфорд.

Истражувани се над 800 лица и се покажа дека имале мали несакани ефекти по мешањето дози на вакцини од Астра Зенека и Фајзер/Бионтек.

Како што е соопштено, несаканите ефекти биле краткотрајни и немало други безбедносни последици, а доброволците најчесто се жалеле на треска, замор, главоболки, замор и болки во мускулите.