Црвена Звезда поведе со 2-0 против Будуќност во финалето од АБА лигата

Кошаркарите на белградска Црвена звезда ја совладаа екипата на Будуќност со 85:79 во вториот финален натпревар од плеј-офот на АБА-лигата и поведоа со 2-0 во серијата подобар до три.

Тоа значи дека на белграѓани им е потребна само уште една победа за потврда на титулата.

Будуќност вечерва немаше решение за разиграниот Лојд и фантастичниот Добриќ.Огњен Добриќ ја предводеше Звезда до победата со 27 поени, додека Лојд додаде 16, Ноко 15, Симоновиќ 10 поени. Кај Будуќност се истакна Николиќ со 26 поени.