Мицкоски ќе објави нова афера во која се вмешани владини функционери блиски до премиерот

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите кој се очекува да започне точно на пладне ќе објави нова афера поврзана со власта, дознава КУРИР.

Според нашите информации, станува збор за афера поврзана со државна компанија во која се вмешани високи владини функционери блиски до претседателот на македонската Влада.

За потсетување, пред извесно време лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на ист ваков брифинг ја обелодени аферата „Мафија“ во која структури на власта издавале документи за идентификација на криминални структури. Исто така, обелоденета беше и аферата „Мафија 2“ во која, како што кажа Мицкоски, над 20.000 лица имаат по два матични броеви.

Неодамна, исто така на брифинг со новинарите Мицкоски објави и афера според која Македонија платила екстремно висока цена за набавка на кинеските вакцини Синофарм. Мицкоски тогаш обелодени документи во кои јасно се гледа дека набавката на вакцините на Синофарм буџетот го чинела 7,8 милиони долари што, според Мицкоски, било двојно повеќе од продажната цена на вакцините.

Повеќе информации за новата афера која денеска ќе ја обелодени Мицкоски читајте подоцна на КУРИР, кога ќе бидат објавени повеќе детали за истата.