Од Ѓорче до Кисела Вода: Повеќе тепачки во Скопје

Повеќе физички напади во текот на вчерашниот ден се регистрирани во билтенот на МВР.

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје, Н.Г.(44) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот во угостителски објект на подрачје на Карпош бил физички нападнат од Р.Ј. од Скопје.

Во СВР Скопје вчера исто така било пријавено дека на 29.05.2021 во 23.00 часот на подрачје на Ѓорче Петров, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Р.(20) и Х.Ч.(20) од една страна и С.К.(28) од друга страна, сите од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 став 1 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Утрово во 02.30 часот во СВР Скопје, Ф.Е.(38) пријавила дека во 00.10 часот во близина на бензиска пумпа на подрачје на Центар била физички нападната од едно лице.

Околу 23.30 часот вчера во СВР Скопје било пријавено дека на игралиште на подрачје на Кисела Вода, по претходна расправија, М.П.(20) бил физички нападнат од Ф.К.(23), двајцата од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.