Мицкоски: Заев не ја заврши домашната задача, со највисоко место по корупција нема Европа

Секој еден граѓанин знае дека оваа власт, овие луѓе се непоготвени да се справат со било што. Ако бевме добри, успешни, ако место 111 место бевме 31 место на Транспаренси, ако немавме афери во кои се издаваат пасочи на наркобосови, ако имавме поинакво образование, ако имавме современ здравствен систем. Ако си ја завршевме домашната задача и бевме за 5 никој немаше да има аргументи, ниту Бугарија, туку ќе беше испратен на магарешка клупа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостување во емисјата „Што не е јасно“ што се емитува на телевизија Алфа.

Според него, проблемот е што Македонија не прави ништо.

Оваа влада, вели Мицкоски е многу слаба, не работи.

„Пробемот е што ние се бориме за слаба двојка. Ако имавме успех дома, просечна плата илјада евра, дигитализација, јас ви гарантирам половина не знаат што е тоа, како што јас не разбирам што е операција на отворено срце не коментирам“, рече Мицкоски.