Макрон го вратил Бензема во репрезентацијата, а Гризман бил бесен поради тоа

Француските медиуми продолжуваат да ја критикуваат својата репрезентација. Откако се појавија деталите од расправијата меѓу Пол Погба и останатите соиграчи, се јави и угледниот француски новинар Роман Молин. Сето ова се случува откако Франција изненадувачки испадна од Швајцарија во осминафиналето на ЕП.

Проблемот за француската соблекувална е враќањето на Карим Бензема во репрезентацијата по пет години. Бензема беше во центарот на скандалот откако од соиграчот Матеу Валбуена побарал 150.000 евра да не ја објави неговата секс снимка со наводна малолетна личност, а подоцна истакна дека Дешамп подлегнал на притисокот на расистите и затоа не е во репрезентацијата.

„Спортс“ пишува дека Бензема е вратен во репрезентацијата со одлука на францускиот претседател Емануел Макрон. Наводно шефот на државата сериозно се заложил за Бензема да заигра на ЕП.

Тоа не им се допаднало на водечките ѕвезди во репрезентацијата, Антоан Гризман и Пол Погба. Французите колективно сметаат дека враќањето на Бензема сериозно ја наруши рамнотежата во екипата.

Поради ова, Гризман почнал поинаку да се однесува кон соиграчите.

Молина пишува дека Гризман лесно знаел да ги налути своите соиграчи поради тоа. Често им говорел: „Јас пак ве спасив, момци“, со цек да докаже дека неговото присуство е поважно од враќањето на Бензема. Молина додава дека Гризман е екстремно незадоволен поради вниманието насочен кон Бензема.

Напаѓачот на Реал Мадрид индиректно е виновен и за лошите односи меѓу Мбапе и Гризман, бидејќи младиот ас на ПСЖ бил пресреќен за враќањето на Бензема, а Гризман не, а се споменува и дека Мбапе бил љубоморен на улогата која напаѓачот на Барселона ја има во репрезентацијата.

Атмосферата кај Французите очигледно била катастрофална. За време на Европското, а и по него француските медиуми пишуваат дека атмосферата била исклучително лоша поради нарушените односи меѓу играчите, ароганцијата и безобразноста на некои од нив кон селекторот.