Чави за спорната одлуката на Луис Енрике: Кога еден селектор нема да повика ниту еден играч од Реал….

Луис Енрике го навлече гневот на спортска јавност во Мадрид откако не повика ниту еден играч на Реал за Европското првенство, нешто што се претвори во историски податок кога е шпанската фудбалска репрезентација во прашање.

За првпат во историјата, ниту еден играч на „кралскиот клуб“ не е дел од еден шпански состав на големото натпреварување, а откако „фуријата“ не победи на првите два меча на Европското првенство, се создаде неверојатен притисок врз тимот, но пред се врз селекторот Луис Енрике кој експресно беше доведуван во прашање.

Ситуацијата сега малку се смири со двете победи и пласманот во четвртфиналето, а пред денешниот дуел на кој Шпанците се фаворити против Швајцарија, Чави Ернандез ја искоментира оспоруваната одлука на Луис Енрике и даде до знаење дека тешко е да се функционира во репрезентацијата кога против вас е тесното опкружување од Мадрид.

– Критиките за селекцијата според мене се нормални, јас го имам доживеано тоа додека бев внатре во тимот. Цело шпанско опкружување е критички настроено, има големи барања. Тоа е вистинска штета, треба да сфатат дека тимот не се составува во јавноста, не го составуваат новинарите. Поради вакви работи, на Шпанија и е многу потешко да освојува титули. Нашата генерација успеа да освои големи титули, но и тоа беше многу комплицирано.

– Тешко е со опкружувањето од Мадрид, уште повеќе кога селекторот нема да повика ниту еден играч од Реал Мадрид. Опкружувањето од Мадрид има големо влијание врз селекцијата, па на крајот само мора да ги прифатите критиките и да продолжите понатаму. Момците го прават тоа одлично досега, во четвртфиналето се и неколку силни тимови испаднаа. Има изненадувања и може да стигнат до титулата, – вели Чави.