ВИДЕО: Братска прегратка и солзи радосници – Виали и Манчини се архитекти на новата Италија!

Големите пријатели од шампионските денови на Сампдорија, а некогаш и во дресот на италијанската репрезентација Роберто Манчини и Џанлука Виали се обединија во стручниот штаб на „аѕурите“ на ова Европско првенство.

Селекторот емотивно ги прославуваше головите во прегратките на директорот, а двајцата облеани во солзи радосници долго се прегрнуваа по победата во финалето на „Вембли“ против Англија. Манчини и Виали се повеќе од пријатели, а и здравствената состојба на Виали повторно ги спои и сега се пак блиски како во играчките денови.

Солзите радосници на Виали и Манчини по освоената европска титула:

Двајцата напаѓачи заедно за репрезентацијата на Италија играа само на Европското првенство во Германија во 1988 година, а со Сампдорија го освоија скудетото и Купот на Куповите.