Ас: Варан го губи трпението и сака што побрзо да се приклучи на Манчестер Јунајтед

Рафаел Варан го губи трпението бидејќи Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед сè уште не постигнале договор во врска со неговото заминување на „Олд Трафорд“, пишува шпанскиот Ас.

Клубовите сè уште преговараат за висината на обештетувањето за Францускиот стопер кој влезе во последната година од договорот со Реал. Одлучувајќи да не го продолжи договорот со мадридскиот клуб, Варан покажа дека сака да ја смени средината, а наводно би бил среќен што ќе се приклучи во редовите на Англискиот великан.

Реал би сакал да го продаде затоа што тој би заминал без надомест следното лето, а парите заработени со неговото заминување може да се искористат за да се донесе Килијан Мбапе од ПСЖ.

Сепак, Варан го губи трпението како што продолжуваат преговорите, бидејќи тој не сака да прави подготовки со две различни екипи. Тој би сакал да започне со подготовките со новиот клуб.