Приведен крадец, украденото вратено на сопственикот

Денеска (22.07.2021) полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар бил лишен од слобода Р.Б.(64) од Скопје, во врска со кривично дело „кражба“, извршена на 21.07.2021 во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар.

Кај приведениот е пронајдено украденото и вратено на оштетената Н.Д.(23). По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.