Македонија со 8 натпреварувачи на ЛОИ, еве кој спортист ќе го носи македонското знаме на отворањето

Македонија со осум натпреварувачи ќе се претстави на Летните олимписки игри во Токио кои свечено ќе бидат отворени денеска.

Церемонијата на стадионот изграден во 2019 година специјално за Игрите ќе се одржи без гледачи. На трибините ќе има само 950 службени лица: дипломати, спонзори и претставници на Меѓународниот олимписки комитет (МОК). Најавено е и присуство на 15 шефови на држави и меѓународни организации.

Македонската експедиција ќе има осум натпреварувачи:
Знаменосецот Дејан Георгиевски, кој ќе настапи во таеквондо – категоријата +80 килограми
Арбреша Реџепи – џудо категорија 52 килограми
Миа Блажевска Еминова – пливање, на трката на 100 метри
Филип Деркоски – пливање, 400 метри
Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 метри
Јованоска Пулексенија – карате, кати
Стојоски Јован – атлетика, трка на 400 метри
Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил, 97 килограми.