Заев и Георгиевски ветија пет градинки, ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека жителите на Инџиково, Ќерамидница, Трубарево и Синѓелиќ останаа излажани

Зоран Заев и Борче Георгиевски имаа потреба од 3 години за да направат една градинка во Гази Баба, а ветија пет. Толку се неспособни што ниту една од останатите 4 градинки не е ниту почната, ниту има план за градба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и Георгиевски ветија градинки во Инџиково, Ќерамидница, Трубарево и Синѓелиќ, нови градинки во овие населени места нема.

Заев и Георгиевски 4 години не сработија ништо за Гази Баба. Ништо ниту ветеното основно училиште во Ченто.

Четиригодини Гази Баба со Заев и Георгиевски стагнира. Четири години општината не се развива, време е Гази Баба да напредува. Време е за Македонија за сите луѓе“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.