Црвен крст донира пакети храна, вода, ќебиња и душеци за населението зафатено од пожарите

Црвениот крст информира дека утрово испрати тимови за одговор при катастрофи за логистичка поддршка и прва помош на граѓаните и тимовите кои гасат пожар на територија на општина Пехчево.

Тимовите се од Црвен крст на град Скопје (8 волонтери), Општинска организација на Црвен крст Штип (4 волонтери), Општинска организација на Црвен крст Делчево (4 волонтери), Општинска организација на Црвен крст Кочани (4 волонтери) и Општинска организација на Црвен крст Берово (4 волонтери).

Поради потреба од хуманитарна помош за населението кое е зафатено со пожарите, Црвениот крст денес испрати хуманитарна помош во следниве региони:

Берово/Пехчево: 500 пакети со храна, 500 пакети со хигиена, 2592 шишиња вода од 0.5л, ќебиња 400 ком и 50 душеци.
Куманово: 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 200 ќебиња, 2592 шишиња вода од 0.5л и 50 душеци.

За утре планирана е дистрибуција на хуманитарна помош за следниве региони:

Делчево: 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 2592 шишиња вода од 0.5л, ќебиња 400 ком и 20 душеци.
Кочани: 100 пакети со храна, 100 пакети со хигиена, 2592 шишиња вода од 0.5л, ќебиња 400 ком и 50 душеци.