Мицевски: Ако институциите реагираат правовремено со пожарите, нема да дојде до катаклизмички последици

Ова што го видов денес во Малешевијата е со катаклизмични димензии. Изгорена е борова шума околу 400ха, во атарите на селата Негрево, Црник,Умлена Робово и Чифлик, пишува на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој вели дека месното население со надчовечки напори се бори со огнената стихија повеќе од 4 дена.

-Прашањето е, -Дали институциите реагираа правовремено, имајќи предвид дека огнот првиот ден не бил со толкав интензитет и дали доколку се реагирало тогаш, можело да се локализира и да се избегне оваа стихија.
Информациите од вечерва се дека огнот повторно се шири кон с.Црник. Недостасува поголема организација и координација на целата активност и поголема вклученост на стручни луѓе кој ќе ги насочуваат локалните волонтери, кој активно се вклучени во акцијата во голем број. Апел до институциите, компаниите да помогнат пред се со вода и храна за граѓаните, но и оние кои се на браникот и ги спасуваат населените места од огнената стихија, пишува Мицевски.