Анкета на НДИ: Граѓаните бележат назадување на демократијата

Анкетата спроведена од американскиот „Националниот демократски институт“ (НДИ) покажува дека граѓаните бележат големо назадување на демократијата.

Според анализата за 52% населението демократските процеси бележат надолен тренд додека позитивно се изјасниле само 16%.

Инаку, НДИ од САД важи за близок до администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Ова истражување е нарачано од НДИ, а спроведено во Македонија од страна на ИПСОС во март и април 2021, на репрезентативен примерок од 2410 испитаници, со маргина на грешка +/- 2%.

Анкетата е спроведена телефонски и преку интернет анкети. Ова истражување е финансирано од страна на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).