Меси веќе преговарал и со клубот каде би можл да ја заврши кариерата

Лео Меси неодамна се пресели во ПСЖ, а информациите од Англија велат дека тој веќе преговарал и со можен следен клуб, се работи за Интер Мајами на Дејвид Бекам.

„Мирор“ излезе со сторија дека Дејвид Бекам разговарал со Меси за негов ангажман во Интер Мајами каде Аргентинецот би ја завршил кариерата.

Според англискиот медиум, Меси пред извесно време бил во Мајами каде купувал луксузен имот, а таму имал средба со Дејвиид Бекам.

Бекам кој кариерата ја заврши токму во ПСЖ, му понудил на Меси во иднина кога ќе ја заврши авантурата во Франција, да се приклучи на Интер Мајами.

Повеќе пати се зборувало дека при крајот на кариерата Меси би можел да замине во МЛС, па нема да биде изненадување ако го прифати повикот од Бекам.