Светислав Пешиќ ќе ја води кошаркарската репрезентација на Србија

Кошаркарската репрезентација на Србија ќе добие нов селектор по неуспехот во квалификациите за Летните Олимписки Игри. Светислав Пешиќ ќе биде новиот селектор на српската кошаркарска репрезентација. Србија не се пласираше на Олимписките игри во Токио, а по финалето на квалификацискиот турнир во Белград и поразот од Италија, веќе се шпекулираше за заминување на Игор Кокошков и кандидатите за нов селектор.

Како што објави „Блиц“, веќе е донесена одлуката во кошаркарскиот сојуз на Србија за враќање на Пешиќ на селекторската функција, а за легендарниот кормилар кој е без работа во моментов после заминувањето од Барселона, се враќа да биде селектор после две децении.

Пешиќ последен пат работеше во Барселона, а ги водеше и Баерн Минхен, Црвена Звезда, Лотоматика и Динамо Москва.

Има титула во Евролигата со Барселона во 2003 година и уште бројни признанија зад своето име и како играч и како тренер.