(ВИДЕО) Петар Колевски, сопственик на „Агриа“– „Најуспешен агробизнисмен за 2021 година за развој и модернизирање на домашното производство“

Во рамки на манифестацијата за „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“ здружението „Современо земјоделство“ му додели признание на Петар Колевски од компанијата „Агриа“ за „Најуспешен агробизнисмен за 2021 година за развој и модернизирање на домашното производство“.

Компанијата „Агриа“ е основана во 2004 година и има долгогодишно во производство и развој на свинско месо со највиск квалитет и употреба на данска генетика. Компанијата е во семејна сопственост и има дистрибутивна мрежа низ целата земја.

„Агриа“ се докажа дека е производител на висококвалитетна добиточна храна од сопствената фабрика која се наоѓа во северниот дел на Северна Македонија. Компанијата во своите рамки поседува фарма за производство на говедско месо. „Агриа“ постојано се труди да го усоврши своето производство и секогаш ги спроведува највисоките безбедносни мерки за да обезбеди финален производ кој ќе ги задоволи највисоките барања на своите клиенти.