Дом во Кавадарци како маркет за дрога, еве што најде полицијата внатре

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против В.П.А.(31) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги,психотропни супстанци и и прекурсори“.

На 03.03.2021, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле претрес на дом и помошни простории на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, амфетамин, хероин, опиум, 18 таблети МДМА и трамадол.