Деспотовски поднесува кандидатура за лидер на СДСМ

Во моментов актуелниот директор на Дирекција за Технолошко-индустриски развојни зони, Јован Деспотовски во партиското седиште и официјално ја поденсува својата кандидатура за претседател на владејчката СДСМ.

Тој вчера најави дека сериозно размислува да се кандидира, но дека прво сака да се консултира и со семејството.

-Утре ќе ја соопштам конечната одлука. Сакам да се консултирам и со семејството. Сепак ги вовлекувам во ова. Сметам дека имам резултати и можам да понудам добар концепт. Не е лесна одлука, напротив е комплицирано време и треба да е со концепт и знаење – изјави Деспотовски.

Откако кандидатури поднесоа заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски и поранешната пратеничка и министерка Фросина Ременски, такво нешто завчера најави и поранешниот организациски секретар на социјалдемократите Миле Зечевиќ.