Мицкоски: Асистент на факултет зема 23 илјади плата, со што државава ќе го задржи да не замине од земјава, потребно е општ раст на платите

Најнискиот коефициент на сложеност во моментот е минималната плата со основно образование од 18,000 денари а асистентот коишто е примен е со 23,000 денари а треба да е магистар на науки, тогаш како ние ќе ги мотивираме младите да се бават со наука, праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус која се емитува на ТВ21.

Мицкоски вели дека тие како партија поднесоа закон да биде направено нивелирање на коефицентите на сложеност на работните места.

-Ние поднесовме закон каде побаравме да биде направено нивелирање на коефициентите на сложеност на работните места според растот на минималната плата, која беше усвоена од страна на Владата, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека еден асистент на факултет има плата од 23 илјади денари и со толкава плата ние не можеме да ги мотивираме младите да останат во државата и да се бават со наука.

-Ако најнискиот коефициент на сложеност е со основно образование, тогаш како ние младите студенти кои имаат по 9,50 или 10 просек и сакаат да се бават со наука ќе ги мотивираме да се бават со наука а платата за тоа е 23,000 денари, како ќе им објасниме ние на тие деца да останат во државата кога имаат понуда од други држави каде можат да земаат по 2-3 илјади евра, вели Мицкоски.