Скопјанец со краставици мавал по продавачка зошто не му давале да купи пет литри масло

Непријатна случка имало вчера во маркет „Стокомак“ во Тафталиџе кога нервозен купувач протестно почнал да фрла со краставици низ продавницата затоа што му требале 5, а не едно шише со зејтин. Очевидците за „Слободен печат“ велат дека глетката била непријатна.

Зарем сте глупави! Што треба, пет пати да влезам во продавница за да купам 5 шишиња, нервозно викал купувачот и ја расплакал продавачката кон која упатил низа навреди.

Друг купувач, пак, дошол со здравствената книшка на својата мајка за да покаже дека е неподвижна и дека и за неа треба да купи масло за јадење.