ВЕЧЕРВА ПОГЛЕДНЕТЕ ВО НЕБОТО И ЗАМИСЛЕТЕ ЖЕЛБА: Верувајте, чуда се можни

На денешен ден на небото над Ерусалим, во деновите познати како Света Педесетница, во 9 часот наутро во 357 година се појави Светиот Крст Господов, денот кога неверниците престанаа да се сомневаат! Сите оние кои се сомневаа во Синот Божји со голем страв и восхит го гледаа тој небесен знак, кој светеше со неопислива светлина, посилен од сонцето.

Ова излагање беше причина за многумина да го прифатат Православието, да се покаат и да го добијат светото крштевање.

Според народните обичаи, треба да погледнете во небото во доцните вечерни часови, а ако видите четири ѕвезди, поставени така да формираат крст, желбата ќе ви се исполни.

Исто така, денес треба да се воздржите од каква било женска работа, како шиење, хеклање, везење…