Велосипедист тешко повреден во Охрид

На 21.05.2022 година во 10.50 часот на крстосницата од бул. Туристичка со ул. Аџи Мустафа во Охрид патничко моторно возило „фолксфаген артеон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(42) од Охрид, удрило во велосипедист Х.А.(78) од Охрид, информира МВР.

Со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Х.А. кој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

За настанот е известен јавен обвинител а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.