Четири случаи на мајмунски сипаници во Белгија

Здравствените власти потврдија четири случаи на мајмунски сипаници во Белгија, министерот за здравство ја смирува јавноста, јави дописничката на МИА од Брисел.

Министерот за здравство, Франк Ванденбрук, изјави дека иако треба да се биде внимателен со оваа нова болест која се појави на европскиот континент, тој изјави дека сипаниците се многу помалку заразни од Ковид-19. Главно, мајмунските сипаници се пренесуваат преку директен физички контакт, сексуален, кожен, но и преку алишта.

Властите ги повикуваат сите што претставуваат сомнителни симптоми веднаш да одат во итна помош. Докторите во болниците добиле инструкции како да се справат.

Мајмунските сипаници не се ниту многу опасни, вели министерот за здравство, и помалку заразни од овчите. Вакцинацијата се препорачува.

Белгија вели дека иако во моментов има “само“ четири случаи, се очекуваат многу повеќе во следните недели, но сепак не се очекува експлозија на бројот на заразени.

Сомнителни и заразени лица со мајмунски сипаници во Белгија мораат да одат во 21 дневен карантин.

Европската комисија минатата недела потврди дека од блиску ја следи ситуацијата на континентот и редовно ќе ја информира јавноста.