Две лица загинаа во земјотресот во Мексико

Две лица загинаа денеска во главниот град на Мексико во земјотресот со јачина од 6,8 степени.

Земјотресот се случи утринава, три дена по земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот и централниот дел на Мексико. И тогаш загинаа две лица.

Епицентарот на денешниот земјотрес бил во државата Мичоакан во западно Мексико во близина на брегот на Тихиот Океан. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 24 километри.