ДРАМА ВО САД: Се судриле два камиони, а други два застанале во помош, па во нив се забил уште еден – кога ќе дознаете што имало во него ќе подзинете

Еден автопат во сојузната американска држава Флорада вчера беше блокиран од илјадници лименки пиво по сударот на пет камиони.

Сите ленти од автопатот биле затворени поради тоа што камион полн со лименки пиво се забил во паркирани камиони кои биле покрај автопатот.

Полицијата изјавила дека возачот за среќа поминал само со полесни повреди.

Тамошните медиуми пишуваат дека прво се судриле два камиони, а потоа уште два камиони застанале за да им помогнат на возачите, а потоа несреќата да биде уште побизарна во нив се судрил преполн камион со лименки пиво.

А, освен пивото на автопатот се растекол и бетон кој го носел еден од камионите.